Тренерот РБ Лајпциг Jулијан Нагелсман беше тажен по елиминацијата на својот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите, но ја призна супериорноста на ПСЖ.
Францускиот гигант победи со 3:0 и за прв пат во својата историја ќе игра во финалето во најпрестижното клупско натпреварување. Нагелсман, од друга страна, не можеше да го подобри рекордот на Дидиер Дешамп за најмладиот тренер кој стигнал до финалето во Лигата на шампионите.
„Парижаните го заслужија своето место во финалето. Во првите 10-12 минути игравме нешто што не е нашата игра. Имаше добри моменти. По вториот гол беше многу тешко да се вратиме на натпреварот бидејќи ПСЖ е одличен тим. Тешко е да се прифати она што се случи, но ова е фудбал“, беше искрен Нагелсман.
„”Кога противникот дојде до предност од 2:0, нашите фудбалери изгубија самодоверба дека можат да се вратат во натпреварот, тоа е сосема нормално. Сега е тешко за нас да размислиме за нашиот генерален добар настап на турнирот, но за една недела ќе можеме да се насмееме на тоа што сме го направиле. Беше успешна сезона за нашиот тим. Ќе се обидеме повторно да бидеме на исто ниво во следната сезона и ќе работиме на тој план“, истакна Нагелсман.
РБ Лајпциг заврши на третото место во Бундеслигата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите и за наредната сезона.