Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е импресиониран од центарфорот Роберт Левандовски, кој синоќа постигна хет-трик на мечот со Бенфика во ЛШ. Полјакот со тоа стигна до бројката од 80 гола во ЛШ.
„Не треба да го сведуваме мечот само на неговите голови, но вистината е дека тој ја демонстрираше својата сила и квалитет на теренот. Тој секогаш сака да постигнува голови и немам дилеми дека е најдобриот напаѓач на светот и ќе биде уште долго време“, изјави Нагелсман.