Раџа Наиголан кој деновиве ја напушти Рома и направи трансфер во Интер, вчера беше пречекан од повеќе фанови на „нероаѕурите“.
Фудбалерот прво влегол од задниот дел на хотелот во кој традиционално престојуваат новите играчи на Интер а потоа излегол за да се сретне со фановите кои го чекале надвор. Наиголан во текот на денов треба да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.
Според медиумите, Интер ќе плати 24 милиони евра и во насока кон Рим ќе ги испрати дефанзивецот Давиде Сантош и младиот фудбалер, Николо Џаноло.