Ситуацијата со суспендираниот Раџа Наиголан во тимот на Интер добива сосема поразлична димензија откако се појави аудио снимка во која фудбалерот користи погрни зборови за клубот и ја оценува неговата состојба како хаотична и неподнослива.
„Мајко мила, тие мислат дека сум готов, но, нека биде така. Секогаш сум покажувал што имам на теренот. Потоа некои интеристи може да дојдат да ми го бакнат задникот, тука е хаос, сакам да се вратам. Тоти може да ми помогне“. Тоа е дел од кажаното на аудио записот за кој медиумите потенцираат дека се слуша гласот на Наиголан.
Познато е дека големото летно засилување на „нероазурите“, има клупска суспензија поради наводно доцнење на тренинг, но, сега новите извадени моменти, упатуваат дека станува збор за нешто сосема друго.