Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, го соопшти поширокиот список од 28 играчи кои ќе бидат дел од подготовките за Светското првенство во Русија. На истиот го нема членот на Рома, Раџа Наиголан, кој имаше блескава сезона во сите конкуренции и беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот состав. Бидејќи Мартинез и Наинголан од поодамна не се во добри односи, не изненадува одлуката на селекторот на „ѓаволите“ да го изостави фудбалерот од големиот спортски настан.
Еве го списокот на повиканите фудбалери: Голмани: Коен Кастлес (Волфсбург), Тибо Куртоа (Челзи), Симон Мињоле (Ливерпул), Матс Селс (Њукасл). Одбрана: Тоби Алдервилд (Тотенхем), Дедрик Бојата (Селтик), Лаурент Симан (Лос Анџелес ФК), Кристијан Кабсел (Вотфорд), Винсент Компани (Манчестер Сити), Џордан Лукаку (Лацио), Томас Муниер (ПСЖ), Томас Вермален (Барселона), Јан Вертонген (Тотенхем).
Среден ред: Насер Чадли (ВБА), Кевин Де Брујн (Манчестер Сити), Муса Дембеле (Тотенхем), Леандер Дедонкер (Андерлехт), Маруан Фелаини (Манчестер Јунајтед), Јури Тилеманс (Монако), Аксел Витсел (Тијанџин Куанџин) Напад: Мичу Батшуаи (Челзи), Кристијан Бентеке (Кристал Плас), Јаник Караско (Далијан Јифанг), Еден Хазард (Челзи), Торган Азар (Борусија Менхенглдбах), Аднан Јанузај (Реал Сосиедад), Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед), Дрис Мертенес (Наполи).