Белгискиот фудбалер од екипата на Рома, Раџа Наинголан, може да се пресели во Интер во наредните неколку недели, објавија италијанските весници.
Според дел од информациите, миланскиот тим е подготвен да плати 29 милиони евра за неговите услуги, а притоа и да го испрати младиот 18-годишен фудбалер Николо Заниоло во дресот на Рома.
Двата клуба веќе постигнале договор и истиот веројатно ќе биде објавен на 1 јули. Наинголан во Интер ќе добие плата од 4,5 милиони евра по сезона.