Милански Интер денеска и официјално го потврди трансферот на белгискиот интернационалец Раџа Наинголан. Досегашниот фудбалер на Рома и официјално стави параф на договор кој ќе биде активен до јуни 2022 година.
Претходно во медиумите беше објавено дека трансферот на Наинголан ќе го чини Интер 29 милиони евра.