Фудбалерот на Интер Раџа Наинголан доби повреда на мускулот за време на пријателскиот натпревар со швајцарскиот Сион и беше заменет во 24-та минута, соопштува „Football Italia“.
Италијанскиот тим го загуби натпреварот со 0:2. Сеуште не е јасно колку е сериозна повредата наовој играч и колку време тој ќе се опоравува од повредата. Тренерот на Интер имаше можност да ги тестира повеќето нови засилувања и младите играчи. Голгетерот на тимот, аргентинецот Мауро Икарди не се појави во игра.
30-годишниот Наинголан дојде во Интер од Рома во јуни. Тој има 203 натпревари и 33 гола во сите натпреварувања како играч на Рома во текот на изминатите 4,5 години.