Фудбалскиот состав Вардар потврди дека Горазд Михајлов во продолжението од сезоната ќе биде нов тренер на „црвено-црните“.
„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денеска е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство“ – стои во соопштението на клубот.
Вардар до крајот на сезоната ќе има приоритетна цел да опстане во прволигашкото друштво.