Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, денеска потпиша со екипата на Динамо Загреб откако го напушти португалскиот состав, Спортинг Лисабон.
„Горд сум што станав играч на Динамо. Сите знаеме какво реноме има клубот во Европа. Го познавам Адеми, тој ми е соиграч во репрезентацијата“ – потенцираше Ристовски кој во 2017 година со Ријека успеа да се израдува на титулата во хрватскиот шампионат.
Според медиумите, Спортинг за трансферот ќе добие 1.300.000 евра