Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, ќе го носи дресот на Хајдук. Тој потпиша договор до летото во 2025 со опција за продолжување на уште една година. Во Хрватска дојде како слободен играч откако му истече договор со Ал-Фејха од Саудиска Арабија.
„Прекрасно е чувството да се дојде во Хајдук, сè помина добро и едвај чекам да се приклучам на тимот и да започнам со тренинзи. Ја знам хрватската фудбалска лига, играв пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм тука во голем клуб“ – вели Трајковски.
Нашиот интернационалец играше за Цементарница 55, Зулте Варегем (Белгија), Интер Запрешиќ (Хрватска), Мехелен (Белгија), Палермо (Италија), Мајорка (Шпанија) и Алборг (Данска).