Фудбалската суперѕвезда Нејмар има скинати лигаменти и менискус на левото колено и ќе треба да се оперира по повредата заработена вчера за време на поразот на Бразил од Уругвај со 2-0, соопшти Бразилската фудбалска конфедерација.
31-годишниот играч, кој му се приклучи на саудискиот тим Ал Хилал во август, го чека долга пауза откако ќе му биде извршена операција.
Ден по новата сериозна повреда се огласи и самиот Нејмар. 31-годишиот голгетер објави порака на социјалните мрежи во која вели:
„Ова е многу тажен момент, најлош. Знам дека сум силен, но овој пат уште повеќе ќе ми требаат семејството и пријателите. Не е лесно да се помине период на повреда и операција. Речиси можете да замислите како е да морате повторно да поминете низ сето тоа по четири месеци рехабилитација. Имам верба, премногу. Но, јас ја ставам силата во Божјите раце. Ви благодарам за пораките и љубовта“.