Неверојатен јужноамерикански трилер и ја донесе титулата на Бока Јуниорс во шампионатот на Аргентина за 2022 година. Сензационалното е што вечниот ривал и крвен непријател на Бока, Ривер Плата им ја донесе титулата на „сино-жолтите“. Ова се случи во последните секунди од последното 27. коло, кога Ривер им ги урнаа соништата на 60.000 навивачи на претендентот Расинг на кој му требаше победа за да стане шампион.
Неколку секунди пред крајот на регуларното време при резултат 1-1, домаќините промашија пенал за шампионска титула, а згора на тоа во 95. минута Ривер Плата погоди за конечни 2-1 со што им ја обезбеди титулата на своите вечни ривали.
Така, најуспешниот тренер во историјата на Ривер, Марсело Гаљардо си замина од клубот со победа која вечно ќе ја паметат навивачите на двата најголеми гиганти во татковината на Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.