Македонската одбојкарска репрезентација одигра контролни натпревари со Израел и Косово кои му дадоа појасна слика на селекторот Хари Наковски до каде е формата и кои се лошите страни во играта на нашата репрезентација во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2026.
Селекторот Хари Наковски се надева дека блокот и одбраната можат да се подобрат, а со тоа Македонија да се доближи до пласман на четвртиот континентален собир во низа
„По завршувањето на турнирот „Чајка“ увидовме во кои елементи треба да се поправиме. Имаме мали проблеми со блокот и со поставувањето на одбраната. Сепак, имаме уште неколку дена да го подобриме блокот и заедно со тоа и одбраната и се надевам дека ќе бидеме максимално спремни за Грузија и Грција.
Формата оди во нагорна линија и се надевам дека против Грузија, која е малку послаб противник, треба да одиграме добар натпревар. Потоа во Скопје против Грција да го дадеме максимумот, нашиот квалитет да дојде до израз и да бидеме на висината на задачата“, изјави селекторот Наковски.
В сабота нашата одбојкарска репрезентација и гостува на Грузија, додека на 25 август ќе ја пречека Грција.

