Одбојкарките на Наковски Волеј ја освоија првата куп титула во својата клупска историја откако во финалето на Купот на ОФМ 2025 кај дамите со 3:2 (16:25, 25:18, 10:25, 25:21, 15:13) го победија Јанта Волеј Кисела Вода во одлична атмосфера во салата „25. Мај“ во Радовиш.
Наковски Волеј го играше третото куп финале во кое стигна до премиерниот трофеј, откако на двапати се враќаше од негатива. Финалето со многу подеми и падови и кај едната и кај другата екипа донесе и убави, долги интересни поени, но и убедливи добиени сетови.
Јанта Волеј КВ се надеваше на титула во Купит во годината кога го слави 20.годишниот јубилеј и имаше одлична шанса, водеше со 1:0 и 2:1, но дозволи противникот комплетно да се врати во игра и да се радува на крајот.
Јанта Волеј КВ не успеја во шестото куп финале во клупската историја да го освои вториот пехар и мораше да се задоволи со сребрен медал.

