Португалскиот репрезентативец Нани најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Мексико или Кина, според медиумите во Италија.
Лацио е тимот каде Нани настапуваше минатата сезона откако беше продаден од Валенсија, но тимот од Рим не ја искористи понудата за откуп од 8 милиони евра. 31-годишниот Нани има договор со шпанскиот клуб за уште една сезона, но од „Местаља“ нема да му прават проблем на играчот ако има интерес за него.
Португалецот имал понуда од мексиканската екипа Крус Азул и елитен кинески тим. Минатата сезона тој постигна 3 гола и 4 асистенции во 25 натпревари за Лацио.