Напаѓачот на Ајакс, Себастиен Алер би можел да се пресели во Баерн Минхен, соопшти „Билд“. Според изворот, Баерн стапил во контакт со агентите на 27-годишниот напаѓач на Ајакс и го гледаат Алер како можна замена за Роберт Левандовски.
Ова лето, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска може да биде ангажиран за 40 милиони евра. Се најавува дека платата на Себастиен Алер во Баерн би можела да биде околу 9 милиони евра годишно.
Во сезоната 2021/2022, Себастиен Алер одигра 39 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања. Тој успеа да постигне 33 гола и да направи 9 асистенции. Во осум натпревари во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22, Алер постигна 11 гола и две асистенции.