Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг бил ограбен во својот дом во Кастелдефелс (Барселона), јавуваат шпанските медиуми.
Инцидентот се случил во домот на фудбалерот, информираат медиумите, повикувајќи се на полициски извори. Наводно најмалку 4 лица влегле во градината во близина на куќата на фудбалерот, па откако го претепале со огнено оружје им се заканувале и на играчот и на неговата сопруга.
Напаѓачот го отворил сефот и од него бил одземен накитот, по што напаѓачите побегнале со автомобил. Полицијата трага по сторителите.