Карим Бензема е прогласен за МВП во Лигата на шампионите а неговиот соиграч од нападот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, потврди денеска УЕФА.
По финалето во Париз во кое „кралевите“ го совладаа Ливерпул со минимални, 1-0, Европската куќа на фудбалот традиционално го одреди идеалниот тим на сезоната.
Голман е Куртоа (Реал Мадрид), во одбраната се вметнати: Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Чези), Ван Дајк (Ливерпул) и Робертсон (Ливерпул), во средниот ред се запишани Де Бруин (Манчестер Сити), Модриќ (Реал Мадрид) и Фабињо (Ливерпул) додека место во нападот добија, Мбапе од ПСЖ заедно со Бензема и Винисиус од (Реал Мадрид).