Килијан Мбапе изјави дека му се остварил сон откако неговиот трансфер во Реал Мадрид беше потврден денеска. Француската супер-ѕвезда официјално ќе се пресели на „Сантјаго Бернабе“ на 30 јуни.
„Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Среќен сум и горд што доаѓам во клубот од моите сништа“, напиша 25-годишниот Мбапе на Инстаграм.
Французинот ќе има годишна плата од 15 до 20 милиони евра а ќе добие и бонус од 125 милиони евра.

