Шведскиот репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, ќе остане во редовите на Тотенхем откако челниците одлучиле да му го откупат договорот, најави весникот – „The Sun“.
Тој беше ангажиран на позајмица од Јувентус за период од 18 месеци а договорот меѓу двата клуба вклучува опција за негово откупување за 35 милиони евра.
Кулушевски има одиграно 54 натпревари за „спарси“ во сите конкуренции со ефект од седум голови и 15 асистенции