Познатиот италијански новинар, Танкреди Палмери, објави дека челниците на Интер се согласиле Мауро Икарди да му биде продаден на шампионот Јувентус.
Тој тврди дека фудбалерот имал понуда од Наполи во висина од девет милиони евра по сезона како и два милиони евра од бонуси, но, луѓето од Милано одлучиле да му го продадат на Јуве. Според наведеното, Икарди исто така прифатил да се пресели во редовите на „Старата дама“.
Се претпоставува дека екипата од Торино ќе треба да му плати на Интер обештетување од околу 110 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула. Ќе потсетиме дека Икарди има нарушен однос со соиграчите и со управата на тимот и дека од таа причина пропушти неколку средби во серија „А“.