Италијанците денеска најавија дека фудбалерот, Ромелу Лукаку, се договорил со тренерот на Рома, Жозе Мурињо и дека ја прифатил понудата да замине на позајмица во Рим.
Напаѓачот на Белгија кој фигурира на платниот список на Челзи не влегува во плановите на менаџерот на „сините“ и затоа ќе мора да оди во друг клуб.
Ќе потсетиме дека корпулентниот напаѓач во претходниот шампионат го носеше дресот на Интер но, „нероаѕурите“ не сакаа да му го откупат договорот.