Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет, го привлече вниманието на Атлетико Мадрид, пренесува – „Фудбал линк“. Шпанскиот состав планира да го засили нападот и на неговиот список фигурира името на францускиот интернационалец.
Има најави дека Атлетико дури и стапил во контакт со „топчиите“ за да се распраша за цената на Лаказет. Се верува дека тренерот на англичаните, Микел Артета, нема да биде пречка за евентуалниот трансфер бидејќи сака да собере пари и да направи посериозна селекција во текот на летото.
Тимот од Мадрид во Ла Лига има очајна реализација или само 31 постигнат гол на 27 одиграни мечеви.
