Францускиот фудбалски интернационалец, Антоан Гризман, кој во текот на летото го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Барселона, вели дека му треба време да се адаптира на играта на Католнците.
„Сега ги учам движењата на теренот на Меси, Суарез, Дембеле и на другите нашите играчи од средниот ред. Ми треба повеќе време“ – вели напаѓачот на Барса во интервјуто за официјалниот сајт на УЕФА.
„Кога ќе ја добијам топката, на одреден начин ми недостасува самодоверба кога треба да додадам или да шутирам кон голот. Тоа сигурно ќе се промени како што ќе одминува времето“ – потенцираше Гризман свесен дека не ги оправдува вложените пари за неговиот потпис.