Полскиот фудбалер, Роберт Левандовски, кој на крајот на изминатата сезона сакаше да го напушти Баерн Минхен, сега е подготвен да ја заврши професионалната кариера во клубот.
„Има опција да останам тука до самиот крај. Воопшто не мислам на трансфер. Признавам дека размислував за такво нешто во изминатото лето. Сега откако поминаа сите проблеми, максимално сум посветен на клубот ” – изјави голгетерот за – „Sport Bild“.
Левандовски во тековнава сезона има одиграно 24 средби во сите конкуренции и има псотигнато 22 гола. Неговиот договор со Баварците е валиден до летото во 2021 година.