Фудбалерот на Вест Хем, Карлос Санчез, ќе треба да се подложи на операција на коленото поради повреда што ја доби на септемврискиот натпревар против Маклесвил одигран во рамките на Лига Купот на Англија.
Колумбиецот кој во текот на летото пристигна од редовите на италијанскиот состав Фиорентина, одигра само 9 минути против нисколигашот и мораше да биде принудно заменет.
-Карлос ќе мора да се подложи на операција, која е неопходна“ – стои во соопштението на клубот.