Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се осврна на разочарувачката сезона на неговиот тим.
„Граѓаните“ од поодамна ја загубија трката за титулата во Премиер лигата и паралелно беа елиминирани од Лигата на шампионите. Норвежанецот во сезонава во 40 мечеви постигна 30 гола и имаше 4 асистенции .
„Секако дека можеме да најдеме изговори – многу повреди во лоши времиња но, на крајот не игравме доволно добро“ – беа дел од зборовите на Халанд.

