Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди, вели дека е подготвен да ја промени ситуацијата и да се пресели во друг тим бидејќи целата кариера ја има поминато кај „зелено-црните“.
„Ми се допаѓа да живеам во Модена, тука сум цели 11 години. Мислам дека многу дадов за клубот“ – вели одличниот голгетер.
„Дојдов до точката кога евентуалната промена може да биде голем предизвик. Причината за тоа се мојата сопруга и моето семејство кои ми даваат поддршка“ – изјави Берарди.