Наполи е во напредни преговори со Фенербахче за дефанзивецот Ким Мин Жае, пренесуваат италијанските медиуми.
Се шпекулира дека 25-годишниот фудбалер ќе биде замена за Калиду Кулибали, кој е на прагот на преселба во Челзи. Јужнокорејскиот репрезентативец има ослободителна клаузула од 20 милиони евра, но Наполитанците се обидуваат да го купат за околу 5 милиони помалку.
Францускиот Рен исто така е заинтересиран за можноста за доведување на дефанзивецот. Самиот играч повеќе би сакал да се пресели во Наполи, но доколку не се постигне договор, тој е подготвен да се приклучи на францускиот тим. Во таков случај Наполи може да се фокусира на Франческо Ачерби од Лацио или Ерик Баи од Манчестер Јунајтед.
Мин-Жае беше купен од Фенербахче пред една година кога истанбулскиот гигант му плати на кинескиот Пекинг Гуан 3 милиони евра. Овој играч има 39 настапи за тимот во сите натпреварувања и 40 натпревари за својата репрезентација.

