Наполи објави дека грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија не е на продажба.
„Во врска со изјавите на агентот на Кварацхелија, Мамука Џугели и таткото на Квича, Бадри, Наполи потсетува дека договорот на играчот со клубот трае уште три години. Кварацхелија не се продава. Иднината на играч со договор со Наполи не ја одредуваат агентите или татковците, туку клубот. Крај на приказната“, се вели во соопштението на клубот.
Деновиве се почесто се споменува заминувањето на Грузиецот од Неапол, особено по разговорите кои неговиот агент веќе ги имал со неколку европски гиганти.