Наполи се договори за уште едно засилување. Шампионот на Италија постигна договор со ПСВ Ајндховен за Ноа Ланг, пишува Џанлука Ди Марцио. Договорот меѓу двата клуба ќе биде финализиран следната недела.
Италијанскиот шампион ќе плати 25 милиони евра за крилниот напаѓач, а уште пет милиони евра ќе бидат издвоени како бонуси.
Самиот играч веќе ги договорил личните услови со Наполи. Тој ќе потпише петгодишен договор, заработувајќи 2,5 милиони евра по сезона.
26-годишниот холандски репрезентативец ќе го напушти ПСВ по две сезони поминати во клубот, откако дојде од Клуб Бриж.

