Офанзивниот играч од средниот ред на Баерн (М), Хамес Родригез може да направи изненадувачки чекор во својата кариера. Според некои информации, фудбалерот кој е сопственост на Реал (М) следната сезона може да ја дочека како играч во италијанската Серија А.
За него засега се интересира екипата на Наполи која ќе се обиде да добие позитивен одговор и од него и од Реал (М) за негова преселба на „Сан Паоло“. И самиот Родригез вели дека би сакал да заигра во Серија А.
„Зошто да не. Досега не сум имал контакт со италијански тим, но останува да видиме што ќе се случува ова лето“, изјавил колумбискиот репрезентативец.