Предводникот на италијанскиот Наполи, Лучијано Спалети е блиску до активирање на клаузулата за автоматско продолжување на договорот со клубот од Неапол, пренесува „Фудбал Италија“.
Според изворот, раководството на Наполи не сака да го загуби Спалети на лето и ќе ја активира опцијата за продолжување на договорот со италијанскиот стручњак на уште една сезона. Во текот на следната година, на овој начин Италијанецот ќе добие 2,7 милиони евра.
Доколку успее, раководството на Наполитанците ќе може да ја активира опцијата за продолжување за уште една година во иднина. Оваа сезона Наполи под водство на Спалети убедливо води во италијанската Серија А, со освоени 62 бода по 23 одиграни натпревари и 15 бода пред најблиските конкуренти.