Екипите на Наполи и Барселона вечер ќе се соочат на „Диего Армандо Марадона“ во првата пресметка од 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Почетокот на натпреварот е во 21:00 часот.
Наполи стигна до елиминациите како втор во групата во која беа Реал Мадрид, Брага и Унион (Берлин). Италијанците имаа три победи, едно реми и два пораза. Барселона прва помина низ целта во групната фаза пред Порто, Шахтјор (Доњецк) и Ројал Антверпен. Каталонците имаа 4 победи и 2 пораза. Двата тима се сретнаа двапати на турнирите во последниве години а Барселона беше поуспешна.
За домаќинот од првата минута треба да истрачаат: Мерет, Руи, Жезус, Рахмани, Ди Лоренцо, Ангиса, Лоботка, Канусте, Кварахцелија, Осимен и Политано. За Барселона на стартот на мечот се очекуваат: Тер Штеген, Кунде, Арухо, Мартинез, Кансело, Де Јонг, Гундоган, Педри, Џамал, Левандовски и Роке. Судија ќе биде Феликс Цвајер од Германија.

