Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Наполи и Милан во италијанска битка за полуфинале во ЛШ
    Фудбал

    Наполи и Милан во италијанска битка за полуфинале во ЛШ

    risteBy riste18/04/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Наполи и Милан се соочуваат вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Пресметката започнува во 21:00 часот, а Росонерите имаат минимална предност од 1:0 по победата на домашен терен пред една недела.

    За домаќинот Наполи, победата вечерва е задолжителна, бидејќи само таа може да го квалификува тимот за нивното прво полуфинале во Лигата на шампионите во историјата на клубот. Наполи се претстави добро на првиот меч меѓу двата тима минатата недела, но не успеаја да ги искористат своите шанси и дозволија да бидат надмудрени од противникот.

    И покрај тоа што овој месец претрпеа два порази од Милан, од кои првиот беше 0:4 во Неапол, екипата на Наполи ја добија есенската пресметка во Милано со 2:1. Вечерва ќе бараат прва домашна победа над овој противник од август 2018 година.

    Денеска Наполи ќе може да смета на својот најдобар стрелец Виктор Осимен, кој поради повреда го пропушти патувањето на „Сан Сиро“ во Милано, но сега е подготвен да му помогне на својот тим да ја анулира негативата.

    Навивачите на „наполитанците“ имаат големи очекувања и од Хвича Кварацхелија, кој исто така е способен да ја направи разликата. Тимот на Лучијано Спалети ќе мора да се справи со отсуството на двајца клучни играчи – дефанзивецот Ким Мин-Јае и играчот од средниот ред Андре-Франк Замбо Ангиса, кои се суспендирани за вечерашниот натпревар. Така во одбраната најверојатно ќе се појави Хуан Жесус, а во средниот ред би можеле да играат Танги Ндомбеле или нашиот Елиф Елмас. На Осимен и Кварацхелија ќе им помага во нападот Матео Политано наместо Ирвинг Лозано, кој не импресионираше на првиот меч.

    Во Милан можеби имаат водство по домашната победа, но свесни се дека ги очекува многу тешко гостување. Тимот беше во иста ситуација и во 1/8 финалето каде со Лондон гостуваше кај Тотенхем токму по успехот од 1:0 во Милано. На крајот, Росонерите потоа одиграа реми без голови, со што продолжија понатаму. Сега се надеваат на сличен развој на настаните за да можат да се квалификуваат за своето 14-то полуфинале во Лигата на шампионите. Историјата е на страната на миланскиот гигант, кој досега немаше ниту еден пораз во шесте натпревари со италијанските ривали во ЛШ, на кои забележаа три победи и три нерешени.

    Се очекува Стефано Пиоли да ги изведе истите 11 од претходниот меч меѓу двата тима, откако на нерешените 1:1 со Болоња не стартуваше ниту еден од играчите на терен што се очекува да стартуваат денеска. Одбраната сигурно ќе ја градат четворица со Фикајо Томори и Симон Кјаер во нејзиниот центар. Стрелецот на првиот натпревар Исмаел Бенасер повторно ќе стартува како плејмејкер. Десно ќе напаѓа Браим Дијаз, а лево Рафаел Леао. Оливие Жиру имаше болки во Ахиловата тетива на левото стапало последните неколку дена, но сепак изгледа дека уште еднаш ќе го предводи нападот на Милан.

    Можни состави:
    Наполи: Мерет, Де Лоренцо, Рхмани, Хуан Жесус, Оливера, Лоботка, Елмас, Зиелински, Лозано, Осимен и Кваратцхелија.
    Милан: Мањан, Калабрија, Томори, Кјаер, Тео Ернандез, Тонали, Круниќ, Дијаз, Бенасер, Леао и Жиру.
    Судија: Шимон Марчињак (Полска)
    Стадион: „Диего Армандо Марадона“

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сејдини: Имаме успешна приказна

    27/05/2023

    Левандовски: сега видов колку значи титулата за навивачите

    27/05/2023

    Алардајс верува дека ќе го спаси тимот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.