Натпреварот од 32. коло во италијанското првенство меѓу Наполи и Салернитана беше одложен односно презакажан за во друг термин.
Натпреварот кој првично требаше да се одигра во сабота на 29 април, сега ќе се одигра во недела на 30 април со почеток во 15:00 часот.
За одбележување е дека натпреварот ќе започне речиси веднаш по завршувањето на средбата меѓу Интер и Лацио. Доколку Римјаните загубат бодови на оваа средба, а Наполи ја совлада Салернитана, тогаш Наполитанците пред време ќе станат шампиони во Серија А во сезоната 2022/2023.
Наполи сега има 78 бода од 31 натпревар. Лацио по исто толку натпревари има 61 бод.