Актуелниот шампион на Италија, Наполи, ја одби понудата на Ал-Хилал за трансфер на напаѓачот Виктор Осимен.
Италијанските медиуми пишуваат дека клубот од Саудиска Арабија дал понуда од 130 милиони евра, но Италијанскиот клуб е подготвен да се раздели со нигерискиот напаѓач само за сума која ќе биде близу 200 милиони евра.
Поранешниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали, како и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невес и Малком, веќе му се приклучија на саудискиот клуб овој летен преоден рок.
24-годишниот напаѓач Виктор Осимен во клубот од Неапол настапува од 2020 година. Минатата сезона играчот стана шампион на Италија, како и најдобар стрелец на првенството со 26 гола. Договорот на играчот е со важност до летото 2025 година.