Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, доставиле понуда до дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пишува денеска –„Газета Дело Спорт“.
Агентот на играчот, Фали Рамадани, го известил раководството на калчо-лигашот за понудата на „црвените ѓаволи“ во износ од 30 милиони евра по што претседателот, Аурелио Де Лаурентис, изјавил, дека сумата не е доволна.
30-годишниот дефанзивец од Сенегал кој е најплатениот играч во тимот со 6 милиони евра по сезона, има договор за уште две години.