Наполи ја определи цената од 50 милиони евра за својот играч за врска, шпанскиот интернационалец Фабијан Руиз, и е подготвен да ги слушне понудите за играчот и да го продаде, пренесува „Калчомеркато“.
За фудбалерот се заинтересирани Евертон, ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Веќе неколку месеци клубот се обидува да се договори со него за нов договор, но досега не беше успешен.
Затоа, претседателот Аурелио Де Лаурентис одлучи дека опцијата за продажба е посоодветна за клубот.

