Наполи се уште се надева дека ќе го купи напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пред да се затвори летниот преоден рок. Фудбалскиот пазар се затвора на 2 септември, а наполитанците чекаат одговор од Аргентинецот до 30 август.
Ако договорот не успее, тогаш италијанскиот клуб има алтернатива во поранешниот напаѓач на Тотенхем, Фернандо Љоренте. Шпанецот е со статус на слободен агент.
Ако одговорот на Икарди е негативен, Наполи ќе потпише договор со Љоренте, кој веќе дал согласност за заминување во Италија.