Медиумите во Италија повторно шпекулираат дека екипата на Наполи ќе испрати понуда до фудбалерот, Кевин де Брујн, кој во текот на летото ќе го напушти Манчестер Сити.
Претходно беше објавено дека клубот од Серија А има намера да се обиде да го ангажира играчот од средниот ред. Наводно, двете страни го имале првиот контакт.
Се очекува од понеделник италијанскиот тим да испрати официјална понуда до Белгиецот.

