„Калчо Меркато“ објави, дека Наполи ќе се обиде да го ангажира тинејџерот на Удинезе, Симоне Пафунди, пред јануарскиот преоден рок.
16-годишниот фудбалер од средниот ред неодамна дебитираше за сениорската репрезентација на Италија на контролниот меч против Албанија. Иако Удинезе не размислува да се раздели со Пафунди, тимот од Неапол ќе направи обид да го купи.
Пафунди за младинскиот тим на Удинезе има одиграно 36 средби со ефект од 9 голови и 15 асистенции.

