Голманот на Зорија (Луганск), Андриј Лунин, се приближува до трансфер во Серија „А“. Според информациите на – „Gazzetta dello Sport“, луѓето од Наполи за 19-годишниот фудбалер упатиле понуда во вредност од 8 милиони евра која била прифатен од украинскиот состав.
Пред неколку дена претставниците на калчо-лигашот беа во Запорожје за да разговараат за можниот договор. Во истовреме медиумите објавија дека Ливерпул, Јувентус и Реал Сосиедат се исто така заинтересирани за играчот на Зорија Луганск.
Младиот украинец кој влезе во професионалниот фудбал преку составот на Днепар, во изминатата сезона одигра 34 натпревари.