Италијанскиот тим Наполи е сериозно заинтересиран за Вилфред Заха, а како што јавува „Скај Италија“, „Наполитанците“ се подготвени да платат 60 милиони евра за услугите на овој фудбалер.
Сепак од Кристал Палас се прават наивни и испраќаат сигнали дека играчот е под договор уште четири години и дека не сакаат да го продаваат.
Прашање е дали од Кристал Палас ќе може да одбијат ваква понуда и да ризикуваат да го задржат играчот кој е незадоволен во нивните редови и јавно истакна дека сака да игра за екипа која ќе игра во Лигата на шампионите.