Наполи официјално потпиша договор со уругвајскиот репрезентативец Матијас Оливера. Десниот бек доаѓа од Хетафе и ќе биде прво засилување за тимот на нашиот Елмас во летниот трансфер период.
Веста за трансферот ја соопшти претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Оливера помина 4 сезони во Хетафе. За тимот од предградието на Мадрид забележа 111 натпревари на кои постигна 2 гола и 7 асистенции.