Репрезентативецот на Шведска, Јенс Каусте, потпиша договор со италијанскиот шампион Наполи за наредните пет години со плата од еден милион евра по сезона.
Фудбалерот се пресели на Апенините од екипата на Ремс. Неговиот трансфер вреди 12 милиони евра.23-годишниот играч од средниот ред помина година и половина во францускиот тим.
Каусте забележа 42 натпревари со 6 голови и 1 асистенција. Тој има 15 средби за репрезентацијата на „викинзите“.