Првиот човек на фудбалскио состав Наполи, Аурелио Де Лаурентис, најверојатно добро ќе размисли дали да ја прифати богатата понуда која ќе пристигне од Катар за да го продаде италијанскиот фудбалски состав.
Наводно, семејството Ал-Таин од Катар кое поседува и дел во францускиот ПСЖ преку „Катар Спортс Инвестментс“, понудило околу 500 милиони евра за да го обезбеди мнозинскиот пакет од акциите на Наполи.
„Се добива впечаток дека Аурелио нема желба да продолжи да вложува во Наполи“ – пишува помеѓу другото – „Дејли Мејл“.