Раководството на Наполи му понуди нов двогодишен договор на нивниот крилен играч Хозе Каљехон, со што се надева дека ќе го задржи играчот на „Сан Паоло“.
Тековниот договор на 33-годишникот истекува на крајот на месецот, но според „Кориере дело Спорт“, неговото збогување со клубот се уште е неизвесно. Од јануари се шпекулира дека голем број клубови покажуваат интерес за крилниот играч, а се пишуваше дека тој може да се врати во својата татковина.
Сепак, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се премисли за продажба на ветеранот и започна преговори за обновување на неговиот договор со вчерашната средба со играчот. Според весникот, Де Лаурентис му понудил на фудбалерот продолжување на неговиот тековен договор за уште 2 години под истите услови.
Кaљехон пристигна во Неапол од Реал Мадрид пред почетокот на сезоната 2013/2014 и брзо стана клучна фигура за Наполи. За клубот има 80 голови и 77 асистенции на 336 натпревари.