Наполи и официјално го потврди и објави пристигнувањето на Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен.
Италијанците не ги откриваат финансиски детали за трансферот на мексиканската ѕвезда, туку само објавија дека тој доаѓа кај нив со постоја доовор , а не позајмица Според непотврдени информации, сумата што Наполитанците ја платиле на ПСВ Ајндховен е 38 милиони евра.
24-годишниот напаѓачки фудбалер ја започна својата кариера во Пачука, каде одигра 120 првенствени натпревари и постигна 31 гол, а во 2017 година се преселеи во ПСВ, потпишувајќи шестгодишен договор.
За нешто повеќе од две сезони во холандскиот тим, тој има одиграно вкупно 79 натпревари во сите натпреварувања, а има постигнато точно 40 гола. Лозано има 35 натпревари и 9 голови за репрезентацијата на Мексико.